Навивачко лудило во Србија: „Гробари“ се истепале, натепаните останале ’пиштол голи’ (ВИДЕО)

Српското вечно фудбалско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда го одбележаа жестоки инциденти на Јужната трибина, каде е сместена навивачката група „Гробари“. Неколку фракции на оваа група се истепале меѓусебно и тоа е вистинската информација која доаѓа од Белград. Претходно, српските медиуми информираа дека дел од „Делиите“, навивачите на Црвена Звезда сакале да земат дел од транспарентите на Јужната трибина, па настрадале и завршиле ’пиштол голи’ на тартанот.

Сепак, се работи за две подгрупи на „Гробарите“ кои воделе битка за превласт на Јужната трибина. На крајот, има многу повредени, а дел од навивачите беа и посрамени, откако буквално останаа без облека.

Се вчитува...