Ѕвездата на НБА франшизата Сан Антонио и воедно репрезентативецот на Полска, Џереми Сочан учествувал со сообраќајна несреќа на автопат во Тексас, но за среќа и покрај тоа што се забил во оградата поминал без последици, пренесуваат медиумите во САД.
Возејќи брзо со своето Порше 911, Сочан загубил контрола и завршил во заштитната ограда, но поминал без повреди, а и не предизвикал поголема несреќа бидејќи не удрил ниту едно друго возило.
И покрај тоа што причин за ударот било пребрзото возење, полицијата во Тексас не покренала пријава против еден од најзначајните кошаркари на Сан Антонио претходната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА