НБА се врати во редовен ритам: Дончиќ во старата форма, Вилијамсон за историја (ВИДЕО)

Дебитантот Зајон Вилијамсон стана најмадиот играч во НБА историјата кој врзал седум последовни натпревари со 20 плус поени. Претходно овој рекорд му припаѓаше на Кармело Ентони од 2004 година. До постигнувањето Вилијамсон дојде водејќи го Њу Орленас до победата на Портланд од 115-128. Постигна 25 поени и полека го потврдува статусот на потенцијална голема ѕвезда со кој дојде во Лигата, но поради сериозна повреда имаше задоцнето деби.

 

 

 

Со 33 поени, 10 скока и осум асистенции за 33 минути на паркетот, Лука Дончиќ беше лидер на Далас во третата победа на последните четири натпревари за вкупен скор 33-12 и подобра позиција во битките плеј-офот. „Маверикс“ славеа над Орландо со 106-122, шессти се во Западната конференција со една победа помалку од петопласираниот Хјустон.

 

 

Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа четвртата последовна победа и се зацврстија уште посигурно на водечката позиција во Западната конференција. Тримуфираа над Мемфис со 117-105. Тандемот Леброн Џејмс-Ентони Дејвис беше повторно клучен. Леброн постигна 32, а Дејвис 28 поени. „Лејкерс“ имаат биланс од 42-12, едниственоо подобар скор има идерот на Исток, Милвоки кој е на 47-8.

 

 

 

Актуелниот шампион Торонто има се врати  на победите по Ол-стар паузата, славеше сигурно во пресметката со Феникс со 118-101 предводен од Паскал Сиакам кој постигна 37 поени, а имаше и 12 скока. Торонто има ефект од 41-15 на вторто место во Источната конференција. И покрај одличното издание на Никола Јокиќ од 32 поени, седум скока и пет асистенции, Денвер загуби од Оклахома со 113-101. Крис Пол беше најдобар кај Оклахома со 29 поени. Денвер (38-18) е на второто место на Запад, додека Оклахома со биланс 34-22 е на седмата позиција во оваа конференција.

Резултати: Орландо – Далас 106:122, Вашингтин – Кливленд 108:113, Њујорк – Индијана 98:106, Торонто – Феникс 118:101, Минесота – Бостон 117:127, Оклахома – Денвер 113:101, Јута – Сан Антонио 104:113, Л.А. лејкерс – Мемфис 117:105, Портланд – Л.А. клиперс 115:128.

Се вчитува...