Ндерим Неџипи промовиран во Дрита Гњилане

Македонскиот фудбалски интернационалец Нџерим Неџипи ќе игра фудбал во косовскиот шампионат, откако е промовиран како нов член на Дрита Гњилане. Овој тим напролет ќе се бори за опстанок во лигата, а искуството на Неџипи треба да биде еден од адутите за спас.

Поранешниот фудбалер на Шкендија и на Работнички, кој кариерата ја почна во Слога југомагнат (денешен Шкупи), минатата сезона ја заврши во албанскиот клуб Кораб. По ова, сега реши да заигра фудбал и на Косово, и ќе го носи дресот на Дрита Гњилане.

Се вчитува...