26-годишниот напаѓач од Габон, Фахд Ндзенгуе е оптимистички расположен пред дуелот на Шкендија утре од 16 часот против Силекс во Кратово.
Габонецот, зборувајќи пред натпреварот, потенцираше дека и тоа како се сеќава на неговото ветување за многу голови во дресот на Шкендија оваа сезона.
„Да, секако дека се сеќавам на ветувањето дека ќе постигнам многу голови и засега сум многу среќен. Сè оди добро. Иако можеби некои работи во минатата сезона не поминаа добро, со поддршка на тимот и тренерите сè функционира како што треба. Мислам дека оваа сезона ќе биде навистина посебна“ – вели Ндзенгуе и дополнува:
„Кога не сте во добар период, прво мора да продолжите да верувате во себе и да продолжите да работите напорно. Бидејќи како напаѓач, прво мора да верувате во себе дека можете да постигнете голови и головите ќе дојдат. Само верувајте во себе, работете напорно и со текот на времето головите ќе дојдат.“
Серијата од четири победи е мотив да се продолжи уште подобро.
„Секако дека мора да продолжиме уште подобро. Не се снајдовме добро во Конференциската лига, па целиот тим е многу гладен за победи. Сакаме да победиме на секој натпревар, сакаме да ја осигураме титулата дури и пред крајот на првенството. Затоа сега почнувам од почеток и верувам дека ова ќе биде многу добра сезона за нас.“
Што се однесува до утрешниот дуел со Силекс….
„Треба да победиме, па мислам дека натпреварот ќе биде добар. Имам доверба во моите соиграчи и во стручниот штаб. Ајде да одиме и да го добиеме овој натпревар, тоа е единственото нешто што можам да кажам, ајде да одиме на победа и да продолжиме вака. Секако, тимската игра останува примарна. Дури и ако јас не постигнам гол, но тимот победи, тоа е добро. Тимот е пред сè, целта на тимот е над секој поединец. Ако јас постигнам гол, тоа е добро за мене затоа што сум напаѓач, но ако тимот победи и некој друг постигне гол, тоа е сепак добро затоа што тимот е над сите. Мораме да направиме сè за тимот, тимот е на прво место.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
