Не е се до парите: Скопје го „загорчи“ дебито за Рамадан на клупата на Шкупи

Скопје цврсто граби во желбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига славејќи против Шкупи денеска во Гостивар со 0-2 (0-1) во последниот меч од 24. коло.

Тимот од Автокоманда и натаму нема пораз пролетва на прволигашката сцена, запишувајќи ја и втората победа, наспроти Шкупи кој, пак, наспроти многуте вложувања во играчкиот кадар зимава не може да ја пронајде посакуваната форма. Па, Шкупи веќе петти натпревар не знае за победа и покрај промената на клупата и назначувањето на Зекирија Рамадан за нов шеф на стручниот штаб. Шкуи има два порази и три ремија во последните пет меча.

Триумфот на Скопје во Гостивар го најави Десниќ со погодокот уште во 9. минута. А, конечните 0-2 ги постави Кофи Досех во 54. минута од средбата.

По овој триумф, Скопје сега има 20 бода на последната позиција, но само два помалку од Пелистер и пет помалку од Ренова и Победа. Сега веќе и со сериозни шанси за опстанок во лигата. Шкупи, пак, остана на четвртата позиција со 29 бода, седум помалку од третопласираниот Силекс и местото кое води во Европа.

Се вчитува...