„Не е се во парите, никогаш не би играл фудбал во пустина“

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јулијан Бранд коментирајќи го трансферот на Кристијано Роналдо, рече дека никогаш не би прифатил да игра за клубови од земји како Саудиска Арабија или Катар.

Германскиот репрезентативец кажа дека не е изненаден од трансферот на Роналдо во Ал Наср, или на оние кои прават трансфери во Кина или во далечниот исток.

„Не сум изненаден од трансферот на Роналдо во Ал Наср. Проработи романтичното во него, и сакаше нешто поинаку. И јас сум романтичар, и не би сакал да коментирам ништо за овој трансфер или за оние кои одат во Кина, но јас не можам себе си да се замислам таму. Никогаш не би играл фудбал во пустина. Само ја исклучувам оваа опција за себе. Не е се во парите, кај мене доминира љубовта кон европскиот фудбал. Не ме привлекува пустината или Кина или САД. Сакам целата кариера да ја помина во Европа“, изјави Бранд.

Се вчитува...