Не е веќе „Посебниот“ – Мурињо има нов прекар

Жозе Мурињо е дефинитивно една од најхаризматичните личности во светот на фудбалот. По освојувањето на титулата во Лигата на шампионите со Порто во 2004 година и неговото преминување во Челси, тој сам себе си додели прекар „специјалниот“. Сепак, тој вели дека со минувањето на годините тоа се менува и дека сега има нов прекар.

„Сега сум „искусниот“. Многу години поминаа и искуството си дојде само по себе. Се што може да се случи во фудбалот сега за мене е „дежа-ви“. Веќе се знам. Постојат позиции во фудбалот за кои треба да сте физички подготвен. Со 40 години немате ист потенцијал како со 20 или 30, освен во случај да не се викате Златан Ибрахимовиќ. За тренирање ви треба мозок, збир на знаење и искуство кое може да ве направи само дополнително подобар“, изјави Мурињо. 

Мурињо во моментов е на чело на Тотенхем, а новата сезона клубот од Лондон ја стартуваше одлично и е во игра за освојување на титулата во Премиер-лигата.

Се вчитува...