„Не мора да ги слушаме Ѓоковиќ и Надал… Тие се богати и имаат ненормален став“

Патрик Мекинро, поранешниот капитен на Дејвис куп репрезентацијата на САД, упати сериозни критики на адреса на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кои најавија дека нема да учествуваат на УС Опен доколку протоколот биде ригорозен и има голема пауза меѓу доаѓањето на терен и самиот меч.

Мекинро се налути на таквите изјави истакнувајќи дека УС Опен, и покрај тоа, треба да се игра…

„Не гледам причина зошто УС Опен да не се игра, освен ако нема драматично влошување на ситуацијата. Мислам дека ќе играат поголемиот број тенисери, и не мора да ги слушаат Надал и Ѓоковиќ. Тие се богати а таквите луѓе имаат ненормално размислување, често извртен став“ – вели Мекинро.

Ѓоковиќ претходно реагираше на најавената мерка само еден член на екипата да биде со играчот…

„Тоа е невозможно. Потребен ви е тренер, но и физиотерапевт и кондициски тренер“ – рече Ѓоковиќ.

Надал, пак, истакна дека моментално воопшто не размислува на тенис, а не би го играл ниту после два-три месеци ако не биде сигурно.

„Не би играл тенис во Њујорк ако ситуацијата не се подобри. Се надевам дека ќе се игра и ќе биде безбедно“ – истакна Надал.

Се вчитува...