Против противничките играчи и некако, но против своите никако. Столе Димитриевски прими два автогола во поразот на својат Валенсија од Депортиво ла Коруња на гостински терен со 3:1.
Димитриевски најпрво „капитулираше“ од својот соиграч Гуера во 13. минута, а потоа додека се свестат играчите на Валенсија, Обамејанг во 17. минута донесе и 2:0.
Валенсија успеа да намали во 26. минута преку Садик, и кога тргна по израмнување, уште еден автогол од Диакаби, за конечни 3:1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
