Не помогна ниту приватниот остров – УФЦ ги одложи сите настани (ВИДЕО)

Најголемата ММА организација во светот, УФЦ одлучи да ги откаже сите настани во нејзина организација. Иако претседателот на УФЦ, Дана Вајт правеше се што е во негова моќ борбите да се одржат, почнувајќи од УФЦ 249, сепак на крајот Ковид-19 ја доби и оваа битка.

Премногу е опасно било што да се организира во моментов бидејќи не може тоа да биде исконтролирано. Иако Вајт најави дека е можно да изнајми цел остров за да може да се одржи настано, сепак на крајот тој попушти. За потсетување УФЦ 249 требаше да се одржи на 18. април.

Се вчитува...