Не се чекаше долго – Симеоне му одговори на Мурињо: „Само да не ја мине границата…“

Атлетико го победи Реал во големото мадридско дерби со 2-1, па очекувано по дуелот се огласи тренерот на „кралевите“, Жозе Мурињо кој имаше многу забелешки на судењето.

Португалскиот стручњак не го криеше своето незадоволство по поразот, „грмеше“ кон судиите на прес-конференцијата, а донесе и печатени фотографии од спорни ситуации, верувајќи дека играчите на Атлетико можеа да бидат исклучени во два наврати.

Тој особено посочи на стартовите на Кристијан Ромеро и Ли Канг-ин, со порака дека неговиот тим останал во нерамноправна положба поради судиските одлуки.

Не требаше долго време за одговор од другата страна. Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, се огласи. Сепак, не сакаше подлабоко да навлегува во анализата на Мурињо.

Аргентинецот одговори кратко, но доволно јасно.

„Го почитуваме мислењето на другите. Тренерите се на голема сцена и мора да бидат внимателни со тоа што го кажуват. Без разлика дали се викате Мурињо, Симеоне, Флик или Пелегрини, не смееме да ја преминеме линијата на почит“, рече Аргентинецот.

Потоа Симеоне се обиде да го врати разговорот на теренот. Тој не сакаше победата на Атлетико да се претвори во дискусија за судењето, но истакна како неговиот тим ја контролирал играта и во периодот кога двата тима имаа по 11 играчи, но и откако Дин Хујсен од Реал беше исклучен.

Според Симеоне, Мурињо свесно ја отворил темата за судењето како фокусот таму би се насочил, но испраќајќи порака дека дури и кога сте големо тренерско име не значи дека сè е дозволено.

Се вчитува...