Веднаш по завршување на мадридското градско дерби „Мадрилењо“ кое Атлетико со 2:1 ги совлада „кралевите“, остра реакција дојде од клупската телевизија на Реал.
Очекувано, на мета се најдоа судиите предводени од Мигел Анхел Ортиз Аријас, кој му покажа директен црвен картон на Дин Хујсен во 52-та минута, момент што се покажа како клучен. Хујсен во сопствениот шеснаесетник во фаулираше Симеоне, а судијата по прегледување на ВАР-снимката, го повлече жолтиот картон и му додели директен црвен картон на дефанзивецот на Реал.
Од Клупската телевизија, порачуваат и дека играчите на Атлетико морале да добијат два црвени картони.
„Не знаеме што ќе се случеше доколку Атлетико останеше до деветмина играчи на теренот. Сигурни сме дека навивачите на Реал Мадрид помислуваат да ја напуштат Ла Лига. Ваквите судиски одлуки ве тераат да сакате да го напуштите ова натпреварување. Работите станаа компликувани. Судијата Ортиз Аријас пред неколку недели им се додворуваше на играчите на Барселона, а сега ни се случува ова. Постојат двојни стандарди кога станува збор за Реал, не ни дозволуваат да се натпреваруваме“, реагираат од клупската ТВ станица на Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
