„Не си достоен да те наречам татко“ – Ќерката на Рони се откажа од него

Рони О’Саливан е најдобриот снукер играч на сите времиња, но има големи проблеми во приватниот живот. На професионален план, Рони О’Саливан се справува совршено, меѓутоа, проблемите од неговиот приватен живот го прогонуваат и нема начин да ги реши.

Неодамна, англискиот снукер играч одоткри дека сака да ја поправи нарушената врска со својата најстара ќерка Тејлор Ан Магнус (23). Двајцата се разделени со години, а ќерката не се двоуми да го критикува својот татко во медиумите. Седумкратниот светски шампион во снукер и според многумина најдобриот играч во историјата на овој спорт призна дека е потребно да се обнови нивната врска, иако не е сигурен дали помирувањето ќе биде можно.

Рони О’Саливан и Тејлор Ан Магнус се сретнале само 12 пати во животот! Дури и во тие ретки прилики, Рони ја обвини својата ќерка дека се однесува кон него како кон банкомат.

„Научив од неговите грешки и знам што е навистина важно. Многу сум благодарна за тоа. Тоа е единственото вредно нешто што ми го даде. Немам негови милиони, но на мојата ќерка никогаш нема да и недостасува внимание, како што ми недостигаше мене кога бев мала. Таа ќе порасне со мојата љубов и ќе биде побогата поради неа. Од лично искуство знам дека парите не можат да купат љубов. Едноставно тој не е достоен да го наречам татко“, изјави Ан Магнус. 

Се вчитува...