„Не треба да го убедуваме Дончиќ да игра за Словенија, тој секогаш е подготвен да и помогне на својата нација“

Лука Дончиќ за разлика од некои други кошаркарски ѕвезди ќе биде дел од репрезентацијата на Словенија на престојното Светско првенство кое од 25. август до 10. септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Селекторот на словенската кошаркарска репрезентација, Александар Секулиќ говорејќи за Дончиќ вели дека тој е секогаш подготвен да и помогне на својата нација.

„Не правиме ништо за да го убедиме или пак да го присилиме да дојде на собирот. Секогаш тоа е негова одлука. Многу сме среќни што имаме таков играч, не само поради неверојатниот квалитет туку и поради тоа каков е на ментален план. Тој е секогаш подготвен да и помогне на својата нација, на националниот тим. Сака да и врати на кошарката тоа што таа му даде нему. Игра од гордост и задоволство“, вели Секулиќ.

Се вчитува...