Тонали доби дополнителна суспензија поради обложување

Италијанскиот фудбалер и член на Њукасл, Сандро Тонали доби двомесечна суспензија од фудбалот од страна на независна Регулаторна комисија откако самиот призна дека ги прекршил правилата на ФА за обложување.

Исто така заработи и дополнителна парична казна од 20.000 фунти, и условна казна од ФА доколку го повтори делото.

Тонали ќе отсуствува од терените до крајот на сезоната 2024/25. Претходно доби десетмесечна суспензија од страна на италијанската федерација поради обложување, во траење од 10 месеци.

Се вчитува...