„Не верувам дека промената на тренер ќе направи некоја разлика кај Ѓоковиќ“

Поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Рик Мачи, смета дека промената на тренерот нема да му донесе многу на Новак Ѓоковиќ. Најдобриот светски тенисер неодамна ја заврши долгогодишната соработка со Горан Иванишевиќ.

Со него во Монте Карло каде стигна до полуфиналето, беше поранешниот селектор на Дејвис куп тимот на Србија, и повеќекратен грен слем шампион во двојки, Ненад Зимоњиќ.

„Во моментов, не верувам дека тренерот може да направи таква разлика. Тоа е исто како кога Серена Вилијамс веќе имаше 12 слема во моментот кога ангажираше тренер. Тоа може да ви помогне во однос на мотивацијата и стратегијата. Не верувам дека тренерот може да направи голема разлика“, изјави Мачи. 

Се вчитува...