Недев на ЈКА карате семинар во Берлин

Еден од најдобрите македонски каратисти Дејан Недев викендов ќе учествува на ЈКА карате семинарот со сенсеи Нака во Берлин, Германија.

Сенсеи Нака важи за еден од најбараните светски карате инструктори, поранешен светски шампион во традиционално карате. Недев минатата година на семинарот во Париз, Франција на Сенсеи Нака му подари монографија 50 години карате во Република Македонија, во знак на благодарност и соработка.

Се вчитува...