Недеви на состанокот на Бордот на директори на ЕТКФ

Викендов во Палести, Романија ќе се одржи состанок на бордот на директори на Европската традиционална карате федерација (ЕТКФ) на кој покрај другите ќе учестваат и проф. Венцислав Недев и  м-р. Дејан Недев, двајцата членови на бордот на директори на ЕТКФ од Македонија.

На состанокот ќе се донесат многу важни одлуки за развојот на ЕТКФ и традиционалното карате во Европа како и за сите активности кој ќе се случуваат во текот на 2018/2019 година.

Состанокот ќе го водат проф. Д-р. Владимир Јорга, претседател и м-р. Дејан Недев, генерален секретар на ЕТКФ.

Се вчитува...