Нејмар ги разреши сите дилеми – Во Париз се чувствувам како дома!

Бразилецот Нејмар беше еден од најдобрите фудбалери на Пари Сен Жермен во четвртфиналната победа над Баерн Минхен во Лигата на шампионите. Иако во последно време многу се шпекулира дека тој и Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе ги напуштат „светците“, Бразилецот вели дека уште долго ќе остане на „Паркот на принцовите“.

„Продолжувањето на договорот со Пари Сен Жермен веќе не доаѓа до прашање. Се чувствувам многу пријатно тука и Париз е веќе мојот втор дом“, изјави Нејмар по победата над Баерн. 

Пари Сен Жермен иако загуби со 0-1, поради повеќе постигнати голови на гостински терен обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд.

Се вчитува...