Нејмар има „хумано срце за сите“: Бразилецот месечно плаќа по 90.000 евра за да ја зачува работата на 142 работници!

Репрезентативецот на Бразил и првата ѕвезда на ПСЖ, Нејмар, иако често знае да ги нервира противниците на теренот, како и навивачите со неговите потези, сепак во приватниот живот ја покажа својата хуманост и човечка големина.

Бразилецот има отворено Институт во татковината, а во кој вработените се грижат за 3.000 деца, но поради пандемијата овој капацитет за згрижување на малолетници бил принуден да се затвори привремено во март 2020 година.

Нејмар не ги отпушти работниците, туку од тогаш до денес им дава постојана плата, а им плаќал и здравствено осигурување, што вкупно го чинело околу 90.000 евра месечно.

Неговиот татко кажа дека Нејмар ги обезбедува парите за вработените и така ќе биде и во иднина.

„Сите ќе ја зачуваат работата, работниците добиваат плати и така ќе биде без оглед на тоа што владее пандемија. Сакаме да помогнеме во оваа борба“, вели таткото на Нејмар.

Се вчитува...