Нејмар казнет – остана без капитенска лента во репрезентацијата

Односот на Нејмар кон соиграчите и стручниот штаб на репрезентацијата придонесе асот на ПСЖ да ја загуби капитенската лента во националниот тим. Бразилските медиуми објавија дека селекторот Тите изминатиот викенд имал состанок во четири очи со Нејмар, при што му ја соопштил својата одлука.

Дани Алвеш ќе биде капитен на репрезентацијата на пријателски средби со Катар и со Хондурас, како и на Копа Америка 2019“ – објави Бразилската Фудбалска Конфедерација преку официјално соопштение.

Конкретните причини не се обелоденуваат во јавноста, но образложението на селекторот Тите е дека станува збор за „дисциплински мерки“. Голем дел од фудбалерите биле незадоволни од односот на Нејмар за време на Мундијалот во Русија, по што селекторот на крајот бил принуден да направи рокада кога станува збор за капитенската лента.

Останува да се види дали и колку ваквиот развој на настаните ќе влијае врз игрите на Нејмар на Копа Америка (14 јуни до 7 јули). Бразилците, кои се без титула на Копа Америка од 2007 година, се наоѓаат во група со Боливија, Венецуела и Перу.

Се вчитува...