Најила Триндаде, девојката која го обвини Нејмар за силување во телевизиско интервју се жали дека животот и се претворил во пекол откако фудбалската ѕвезда и го објави индетитетот. Целиот случај беше објавен пред десетина дена, но на почетокот не беше познат идентитетот на девојката. Нејмар во обидот да се одбрани од обвинувањата ја објави целата комуникација со девојката која покрај интимните пораки содржи и нејзини разголени слики.
„Во ужасна состојба сум. Не можам да се грижам за синот. Ослабев десет килограми. Жртва сум на секаков вид насилство, ме прогонуваат и мене и моето семејство. Ми го ограбија станот. Најголема грешка ми е што го отвроив профилот на Инстаграм. Да ми беше затворен за јавност, сега ќе бев мирна“ – вели Најила.
Мината недела беше објавено и видео во кое девојката го удира Нејмар велејќи му дека тоа е повредите што и ги нанел претходниот ден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА