Нејмар направи „хаос“ во Бразил: „Елимнинирани сте!“ (ВИДЕО)

Бразилската ѕвезда Нејмар повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради своето однесување по завршувањето на натпреварот против Ремо.

Веднаш по последниот судиски свиреж, искусниот напаѓач се упати кон соблекувалната на стадионот „Мангуеирао“, каде се наоѓаа челниците и навивачите на противничкиот клуб. Наместо мирно да го прослави успехот на својот тим, Нејмар реши да ги испровоцира ривалите.

„Елиминирани сте! Елиминирани сте!“, извика Бразилецот кон претставниците и навивачите на Ремо, алудирајќи на нивното испаѓање од натпреварувањето.

Неговиот потег брзо стана вирален на социјалните мрежи, каде видеата од инцидентот се споделуваат со голема брзина. Дел од навивачите го поддржаа Нејмар, сметајќи дека станува збор за вообичаено фудбалско „пецкање“, додека други оценија дека ваквото однесување е непотребно и неспортско.

Засега нема информации дали поради овој инцидент ќе биде покрената дисциплинска постапка против Нејмар, но неговата реакција сигурно ќе биде една од најкоментираните теми во бразилската спортска јавност.

Се вчитува...