Нејмар останува во Париз – ПСЖ почна преговори со Бразилецот

Во последниот период се погласни беа најавите дека Нејмар ќе замине од ПСЖ, а најмногу се зборуваше за неговото враќање во Барселона. Сепак, се чини дека нема да има ништо од враќањето во поранешниот клуб, најверојатно Нејмар ќе остане во Париз и во иднина.

Веќе неколку недели челниците на ПСЖ водат неформални разговори со Нејмар за продолжување на неговиот договор. Синоќа, по натпреварот против Марсеј, тие презеле конкретни чекори и разговарале за платата и продолжувањето на новиот договор, пренесуваат медиумите од Франција.

Нејмар е најдобриот стрелец во клубот од Париз, па неговата ефикасност во ПСЖ ги натера челниците да дадат понуда на маса и Бразилецот да го обезбедат за во иднина. Во периодот кој следува, останува да се види дали Нејмар ќе остане во ПСЖ или ќе го промени клубот.

Се вчитува...