Нејмар: Пеле го претвори фудбалот во уметност, пред него „десетката“ беше само обичен број

Нејмар со години наназад гордо го носи дреот со број десет во бразилската репрезентација, „десетката“ која стана гордост откако ја облече Пеле, оставајќи ја како обврска за лидерите на следните и следните генерации на „кариоките“.

Асот на ПСЖ вечерва преку емотивна порака се прости од својот фудбалски идол…

„Пред Пеле, десетката беше само број. Ја имам прочитано оваа реченица некаде, некогаш пред многу години. Сепак, а мене оваа реченица не е комплетна. Јас би рекол дека пред Пеле фудбалот беше само спорт, но Пеле го смени сето тоа, го претвори фудбалот во уметност во забава… Им даде глас на сиромашните, на црномурестите и пред се: Луѓето го видоа Бразил. Фудбалот и Бразил го кренаа својот статус лблагодарение на Кралот. Тој си замина, но неговата магија останува засекогаш. Пеле е вечен“, напиша Нејмар.

Се вчитува...