Нејмар се бореше со сите сили да игра против Барса, но денеска доби лоши вести…

Реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, играчите на ПСЖ го играат утре на домашен терен против Барселона. Парижаните веќе се со една нога во четвртфиналето бидејќи славеа со 4-1 на првиот натпревар на „Камп Ноу“. Сепак, од претходните пресметки на овие екипи, не смееме да кажеме дека сè е готово затоа што Барселона покажа дека може да направи спектакуларни пресврти.

Маурисио Покетино доби лоши вести пред утрешниот натпревар, лекарите потврдија дека Нејмар нема да може да игра против неговиот поранешен клуб. Нејмар се повреди пред скоро еден месец и поради тоа го пропушти и првиот натпревар. Бразилецот имаше желба да игра против поранешниот клуб утре, но тоа нема да се оствари.

ПСЖ денес потврди дека Нејмар тренира со тимот, но дека тој сè уште не е подготвен да се врати на терените и утре нема да биде во комбинација за пресметката против Барселона. Покрај него, овој натпревар ќе го пропуштат Хуан Бернат и Моиз Кин.

Се вчитува...