Нејмар се расплака на камбекот по 981 ден во дресот на Бразил

Нејмар не можеше да ги сокрие емоциите, па бразилската суперѕвезда се расплака по последниот свиреж на судијата на дуелот со Шкотска, на кој екс-фудбалерот на Барса и ПСЖ го имаше својот прв настап на овој мундијал.

Целокупната бразилска јавност изврши огромен притисок Нејмар да се најде на списокот на селекторот Анчелоти, искусниот стратег на крајот попушти, но напаѓачот неколку дена подоцна се повреди и мораше да ги пропушти првите две средби на Бразил на овој мундијал.

Тој конечно се опорави, па Анчелоти реши да му даде шанса во второто полувреме, што значеше камбек на Нејмар во националниот тим по пауза од 981 ден, откако последниот натпревар за Бразил го одигра во октомври 2023 година.

„Апсолутно, овој ден ми е еден од најспецијалните во кзриерата. Секое момче сонува да го облече дресот на Бразил, јас го носев долго време, се повредував често, но никогаш не криев колку ми недостига. Бев нервозен пред натпреварот, но сега сум среќен, толку емотивен… плачев, точно е, огромно е олеснувањето што можам повторно да го дожиеам сето ова. Им благодарам на сите Бразилци кои ме поддржуваа, кои навиваа за мене, огромна благодарност до моето семејство и пријателите кои во ниту еден момент не престанаа да веруваат во мене“, истакна Нејмар по мечот.

Се вчитува...