Нејмар – шоу против Ленс: ПСЖ се искачи на врвот, прашањето е до кога

ПСЖ триумфираше со 2-1 на дуелот со Ленс, искачувајќи се барем привремено на првото место на табелата во францускиот шампионат. Килијан Мбапе поради повреда го пропушти овој дуел, но затоа тука беше Нејмар, кој одигра беспрекорен натпревар и ги предводеше „светците“ до трите бода.

Нејмар беше стрелец на водечкиот гол во првото полувреме, казнувајќи една голема грешка на противничката дефанзивна линија, а потоа Бразилецот му асистираше на својот сонародник Маркињос при голот за 2-0. Ленс успеа да постигне утешен погодок, Икарди погоди во финишот за 3-1, но овој гол беше поништен со ВАР поради офсајд на асистентот Марко Верати.

ПСЖ сега има еден бод повеќе во однос на Лил, но фудбалерите на Лил вечерва ја пречекуваат Ница и имаат можност со триумф да се вратат на чело на табелата.

Се вчитува...