Некогашните соработници на „мегдан“: Јовановски – Тасевски во битка за Европа!

По промената на тренерска позиција, Работнички со најтрофејниот свој тренер во историјата Ѓоре Јовановски во обид за „воскреснување“ на патот кон европскиот излез оваа сезона. По четирите едноподруго натпревари без победа во шампионатот, „романтичарите“ денеска во 26. коло од ПМФЛ против Силекс ќе бараат резултатско враќање на домашната сцена.

А, на стручен „мегдан“ поранешните соработници од најплодниот период на Работнички, Ѓоре Јовановски против Жикица Тасевски. Сега на спротивна страна, секој со своите амбици, цели и желби за триумф… „Романтичарите“ за враќање во трка за Европа, а Силекс за дополнително зацврстување на третата позиција на табелата.

Ѓоре Јовановски добро знае дека ова е можеби најважниот меч за Работнички, иако има уште многу за играње во првенството…

„За мене секогаш во кариерата немало неважен натпревар. Така ќе биде и сега на клупата на Работнички. Но, мора да нагласам дека овој меч со Силекс е посебно значаен за нас. Меч на кој секако сакаме да ги потврдиме амбициите на клубот за највисок пласман сезонава и продолжување на борбата за европски излез“ – вели Јовановски.

Добра мотивација за пресметката во Скопје има и во таборот на кратовци…

„Работнички е секогаш мотивација за секоја екипа. За мене натпреварите против еден од најдобрите клубови во историјата на македонскиот фудбал носат секогаш инспирација плус, затоа што минав одлични денови во минатото во тим и многу добро ја знам неговата големина. И овој состав на Работнички има сериозен квалитет, но ние сме подготвени за максимално надигрување во желбата за нови бодови“ – истакнува Тасевски.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...