„Нема да се зачудам Халанд да замине“

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, за телевизијата Спорт 1 зборуваше за заминувањето на Ерлинг Холанд. Фантастичниот норвешки напаѓач се поврзува со Манчестер Сити и Реал Мадрид, но се уште не е јасно каде ќе оди. Како негова замена се споменува напаѓачот на РБ Салцбург, Карим Адејеми.

„Верувам дека ситуацијата ќе биде појасна следната недела“, изјави накратко Кел. 

Халанд може да го напушти Дортмунд на крајот на сезоната доколку некој ја плати клаузулата од 75 милиони евра. Со оглед на неговиот квалитет, таа сума нема да биде проблем за големите и богати клубови, со тоа што клубот од Манчестер, според повеќе извори, е фаворит во доведувањето на младиот Норвежанец.

Се вчитува...