Нема „Ел Класико“ во Суперкупот на Шпанија: Билбао ги сопре „кралевите“ (ВИДЕО)

Атлетик Билбао ќе игра во финалето од Суперкупот на Шпанија против Барселона на 17. јануари, откако во втората полуфинална пресметка славеше со 1-2 против Реал Мадрид.

Тимот од Билбао уште по првото полувреме си ја осигура победата со головите за 0-2 на Гарсија во 18. и во 38. минута од пенал.

 

„Кралевите“ успеаја само да го ублажат поразот со голот на Бензема во 73. минута.

 

Се вчитува...