Нема крај на инцидентите во Тетово: Погоден и помошникот судија (ВИДЕО)

Нема крај на инцидентите на дербито во Тетово. Откако беше погоден најпрво голманот на Шкупи Иљази, а потоа и резервниот играч Илјази на скопскиот тим, сега беше погоден и еден од помошниците на александат Ставрев, поточно вториот помошник.

По овој инцидент, се случи и вербална расправија меѓу Бејтулаи и Адетунџи. Се вмешаа и тренерите, Седлоски ги повикуваше своите играчи да се повлечат, а потоа Ставрев разговараше со двајцата тренери.

Одлучено е натпреварот да се доигра, но ќе доцни многу со оглед дека и без овие инциденти, доцнеше цели 20 минути.

Шкендија сигурно ќе добие казна, а можеби и суспензија од ФФМ по овие инциденти.

Се вчитува...