Нема крај на проблемите на Червар пред ЕП 2020

Лино Червар се соочува со нов сериозен проблем на десетина дена до стартот на ЕП 2020 откако хрватскиот селектор остана без помошта на уште еден ракометар. Лука Шебетиќ се пожали на повреда на рамото, деталните прегледи покажаа дека ќе мора да биде извршена операција, а Червар на негово место го повика Јосип Векиќ од Загреб, ракометар кој досега немал ниту еден настап на големите натпреварувања.

Прва опција како десен бек останува Степанчиќ, но и овој ракометар исто така се мачи со повреда, па неизвесно е дали ќе може да одигра стопроцентно во групната фаза во Австрија. Само за потсетување, од приватни причини настапот на ЕП 2020 го откажа Штрлек, по него отпадна и Ловро Михиќ, а повреда заработи и младиот Фран Милета.

Згора на тоа, Циндриќ, Карачиќ и Хорват се жалат на повреди и прашање е колку ќе бидат подготвени за стартот на натпреварувањето, закажан за 9 јануари. Хрватска во првото коло ќе се сретне со Црна Гора, два дена подоцна избраниците на Червар ќе ги одмерат силите со Србија, а на 13 јануари нивни противник ќе биде Белорусија.

Се вчитува...