Нема крај на проблемите со средниот ред за Милевски: Бобан Николов позитивен на Ковид-19!

Нема крај на проблемите околу средниот ред на македонската репрезентација за новиот македонски селектор Боби Милевски пред трите септемвриски квалификациски натпревари за пласман на СП 2022.

Новиот фудбалер на Шериф Тираспол, Бобан Николов е позитивен на Ковид-19.

Николов се очекува да се најде на списокот на Милевски за септемвриски квалификации, кој денеска треба да биде соопштен, но до последен момент ќе се очекува дали ќе може да биде во комбинација барем за некој од натпреварите. До последен момент ќе се очекува и дали Аријан Адеми ќе може да помогне по рехабилитацијата од повредата.

Како нова опција за средниот ред е фудбалерот на Малме, Ердал Ракип. Во моментов течат активностите во ФФМ со комплетирање на документацијата за добивање дозвола од ФИФА за настап во националниот дрес на 25-годишниот Ракип, но неизвесно е дали истата ќе се добие за овој квалификациски собир.

Македонија првиот натпревар го игра на 2. септември против Ерменија во Скопје. Потоа е гостувањето во Исланд на 5. септември, и на 8. септември ја пречекуваме Романија во Скопје.

Се вчитува...