Нема крај на проблемите за Гвардиола: Черки во „аут“ два месеци

Манчестер Сити нема добар старт на новата сезона забележувајќи два порази во првите три натпревари, а тренерот Пеп Гвардиола има и дополнителна причина за загриженост бидејќи нема да може да смета на услугите на Рајан Черки во следните два месеци.

Фудбалерот од средниот ред заработи повреда на препоните и го продлабочи списокот на повредени фудбалери на кои се уште и Фил Фоден, Савињо, Матео Ковачиќ, Јошко Гвардиол и Маркус Бетинели.

Се вчитува...