Нема крај за проблемите на Барса: Кутињо во „аут“ до четири месеци!

Проблемите на Барселона од ден на ден стануваат се поголеми, откако на долгата листа повредени фудбалери се приклучи и Филипе Кутињо. Бразилецот настрада во самата завршница на последниот првенствен натпревар на Барса за оваа година, а по медицинските прегледи се воспостави дека станува збор за повреда на менискусот на левото колено за која е потребна хируршки зафат и која ќе го оддалечи напаѓачот од терените во четири месеци.

Оваа повреда значи дека Барселона нема да може да смета на услугите на бразилскиот интернационалец на дуелите од осминафиналето во Лигата на Шампионите, каде каталонскиот клуб ќе се соочи со ПСЖ. Како потсетување, ова е втора повреда на 28-годишниот Бразилец оваа сезона, откако во октомври паузираше поради повреда на задната ложа.

Останува да се види дали Кутињо воопшто ќе се врати на терените до крајот на сезонава. Во исчекување ќе бидат и челниците на Ливерпул, бидејќи доколку Кутињо одигра уште осум средби за Барса би ја активирал клаузулата од транферот со која каталонскиот гигант би им платил на „црвените“ дополнителни 20 милиони евра.

Се вчитува...