„Нема пари за кои би го продале Јошко Гвардиол“

Јошко Гвардиол е најбараниот стопер оваа зима. Хрватскиот репрезентативец кој блеска во боите на Лајпциг имаше и успешно Светско првенство со Хрватска која ја предводеше до бронзениот медал во Катар, а сега е топ трансфер мета на Реал Мадрид, Челси и Манчестер Сити.

Сумата која се споменува во медиумите за можен трансфер е над 100 милиони евра, но спортскиот директор на германскиот клуб, Макс Еберл вели дека не постои сума за која 20-годишниот Хрват ќе си замине од клубот.

„Гвардиол со нашиот клуб има договор до летото 2027 година и под никаков услов нема наскоро да го продадеме. Постојано сме во контакт со неговиот агент со кој разговараме отворено. Нашиот став е јасен. Нема пари за кои би го продале во овој зимски преоден рок. Исто така нема да го продаваме ни во лето. А, тешко е да се каже за подоцна. Но, дефинитивно останува со нас уште година и пол“, вели Еберл.

Се вчитува...