Нема подобар голгетер во европските купови: CR7 стана „CR100“

Португалскиот ас Кристијано Роналдо беше херојот на Реал Мадрид на вечерашното гостување на „Алијанц арена“. Тој со два гола го покори Минхен, носејќи триумф од 1-2 за „кралевите“ против силниот Баерн. Но, исто така Роналдо оствари и неверојатно достигнување.

Тој е првиот фудбалер кој успеал да постигне 100 гола во европските купови. Роналдо 97 од нив ги има постигнато во Лигата на шампионите, а останатите во Суперкупот на Европа. Португалецот играше за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед и за Реал Мадрид. Втор на оваа листа е Лионел Меси со 97 гола, а следат Раул Гонзалес со 77 и Филипо Инзаги со 70 погодоци.

Се вчитува...