Нема проширување: Првата лига со 10 екипи

Кошаркарската сезона во Македонија конечно ќе стартува на 12 октомври, а во Првата лига ќе учествуваат 10 екипи, беше одлучено од страна на највисокото раководство на КФСМ. Првичниот план за лига со 11 клубови падна во вода по неочекуваниот распад на Охрид, поради што и стартот на сезоната беше одложен за една седмица.

Иако до последно постоеше варијанта за зголемување на лигата на 12 екипи со вклучување на Шкупи и КК Ангели, на крајот сепак беше решено да дојде до намалување на лигата, за акцент да биде ставен на квалитетот пред квантитетот во мак-баскетот.

Ова значи дека дел од елитното друштво во новата сезона ќе бидат МЗТ Скопје, Работнички, Вардар, МЗТ Скопје 2, Пелистер, Кожув, Гостивар, Куманово, Академија ФМП и Еуроникел (поранешен Фени индустри). Поради промената во системот на натпреварување, за утре е закажана нова ждрепка, по која ќе бидат познати двојките за првото коло и целокупниот календар за првиот дел од сезоната.

Се вчитува...