Немаат ниту еден гол од корнер и покрај рекордните 91 изведени удари од аголот

Борусија Дортмунд вчера го претрпе петтиот пораз во Бундеслигата. „Милионерите“ беа поразени од Волфсбург со 2-0, а како една од причините за поразот како и на сите досега, се наведува неефикасноста.

Оваа сезона вицепрвакот на Германија воопшто не е опасен по прекините, па така статистиката вели дека немаат ниту еден гол по изведен корнер, и покрај тоа што во досегашните 14 меча изведоа неверојатни 91 удари од аголот, што е најмногу од сите во Бундеслигата.

Борусија има дадено 23 голови, и на таа листа е далеку зад Баерн, а пред нив се и Ајнтрахт, Лајпциг, Вердер и Борусија Менхенгладбах, но ниту еден од нив не е од корнери, и покрај тоа што високите дефанзивци како Шлотербек, Хумелс и Зиле секогаш се пред половината на противникот кога има удар од аголот.

Се вчитува...