„Немам конкуренција, подобар сум дури и од Меси и Роналдо“

Одличниот напаѓач на Пари Сен Жермен и репрезентацијата на Франција, Килијан Мбапе, зборуваше за егоизмот и самодовербата и колку тоа му помага во кариерата.

Егоизмот е состојба на прекумерна важност за себе, да се сакаш самиот себе и да си овозможуваш самовоздигнување. Но, ова не треба да се гледа во негативна смисла.

Егото е потребно за некој да успее во својата професија, особено во спортот, во овој случај во фудбалот, смета еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан. Одличниот напаѓач има само 22 години, но веќе шест сезони е еден од најдобрите на главната фудбалска сцена во Европа и светот.

„Секако дека е многу важно да се сакате самите себе си, бидејќи кога ви е тешко, никој освен вас нема да ве турка да продолжите напред и да бидете уште посилни. И мора да се убедите дека сте способни да урнете планини. Луѓето не го разбираат егото, но кога не ви оди добро, никој не може да ви помогне, тоа сте само вие и вашиот начин на размислување. Мора да се убедите дека сте способни за големи работи. Секогаш кога ќе излезам на терен, постојано си велам себеси дека сум најдобар, без оглед на тоа што имав можност да се натпреварувам со Меси и Кристијано“, вели Мбапе.

Младиот Французин е свесен дека Аргентинецот и Португалецот сè пред сите фудбалери, но тој верува дека е подобар и од нив двајца.

„Секако, тие се подобри играчи од мене, тие постигнаа толку многу во фудбалот. Но, во мојата глава секогаш си велам дека сум најдобар, бидејќи на тој начин не си поставувам граници и се трудам да го дадам најдоброто од себе. Понекогаш луѓето не го разбираат тоа. Не е во стилот на „јас, јас и само јас“.

Мбапе е само на почетокот од својата кариера, па во споредба со Меси и КР7, воопшто нема лоша статистика, особено ако се има предвид дека од сезоната 2016-17, кога играше за првиот тим на Монако како 17-годишник, тој има постигнато 146 клупски голови (Монако, ПСЖ) или во просек постигнува гол на секои 103,99 минути.

Се вчитува...