Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, очигледно, ќе ја продолжи кариерата во редовите на турскиот Бешикташ.
По Мохамед Салах и Леандро Тросар, истанбулскиот гигант Бешикташ е многу блиску до доведување на уште еден напаѓач. Веќе се поизвесно, српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе оди во Турција.
Црно-белите му упатија официјална понуда на 26-годишникот пред неколку недели. На масата се девет милиони евра нето годишно, плус бонуси, и огромни провизии за таткото Милош и агентот Дарко Ристиќ.
Србинот немаше намера да оди во Турција. Чекаше нова средба со Јувентус, понуда од Барселона или посилен тим од најдобрите европски лиги, но не ја доби. На крајот, според информациите, тој одлучи да ја прифати понудата од Истанбул.
„Бешикташ е единствениот клуб кој испрати официјална понуда за Душан Влаховиќ. Па, немаше друго“, изјави истакнатиот турски новинар Јагиз Сабунџуоглу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
