Хрватскиот спорт е завиен во црно по трагичната вест за смртта на младиот футсал голман Петар Прце, кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во околината на Дубровник.
Прце почина на само 22-годишна возраст.Тој беше стандарден чувар на мрежата на прволигашот МНК Сквер и важеше за еден од перспективните спортски таленти во земјата. Веста за неговата прерана смрт предизвика голем шок, неверување и длабока тага во целата спортска јавност.
Од неговиот матичен клуб МНК Сквер се простија преку емотивна објава, нагласувајќи дека тимот не загуби само одличен спортист, туку и искрен пријател и незаменлив дел од нивното семејство.
„Постојат моменти кога спортот замолчува, кога натпреварите, бодовите и резултатите стануваат целосно неважни. Со прераното заминување на нашиот Петар загубивме многу повеќе од врвен голман“, порачаа од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
