Нено Димитријевиќ и Арис без мака го решија Миконос

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Нено Димитријевиќ, оствари триумф со неговиот Арис на подготовките пред стартот на новата сезона.

Арис на стартот од турнирот „Мавроскoфеја“ со 80:64 го совлада Миконос.

Тимот од Солун во текот на сите 40 минути ја имаше контролата врз натпреварот и резултатот, првата четвртина ја доби со 21:13, а на полувреме беше плус 16 (49:33).

Кошаркарите на Арис второто полувреме го одработија рутински и на крајот славеа со 80:64.

Димитријевиќ на теренот помина речиси 20 минути и постигна девет поени, а имаше и по два скока и асистенции.

Се вчитува...