Нено Димитријевиќ има нов тренер во Хувентуд

Раководството на кошаркарскиот клуб Хувентуд одлучи да направи смена во стручниот штаб откако ја прекинаа соработката со Диего Окампо и веднаш ангажираше нов предводник на првиот тим. Карлес Дуран е старо-новиот тренер на екипата за која игра нашиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ. Дуран се враќа во таборот на шпанскиот клуб по четири години, претходно работеше како асистент на Сито Алонсо.

Дуран има задача да го одржи Хувентуд во највисоко рангираниот шампионат во Шпанија, а засега се наоѓаат при дното на табелата. 42-годишниот стратег претходно го предводеше тимот на Билбао, а своевремо доби шанса да ја води и Валенсија откако Велимир Перасовиќ доби отказ во 2015 година, а Дуран како негов асистент ја наследи функцијата на чело на стручниот штаб.

Се вчитува...