Нено Димитријевиќ извонреден во победата над Маруси

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше извонредна партија во редовите на Арис во победата над Маруси од 74-57.

Арис без поголеми проблеми дојде до триумфот во 3. коло од грчкиот шампионат, и тоа пред се благодарение на Димитријевиќ кој беше предводникот во првото полувреме кога и се одлучи победникот на дуелот.

Македонскиот кошаркар главно играше во првиот дел, потоа одмарајќи по обезбедената победа, притоа за нешто повеќе од 17 минути игра, завршувајќи со 14 поени, три скока и четири асистенции.

Најефикасен во победничкиот тим беше Морган со 22 поени, а Димитријевиќ беше втор стрелец во својот тим.

Се вчитува...