Нереални бројки: Мотли го одигра вториот најслаб меч во историјата на Евролигата

Џонатан Мотли пристигна од Хапоел и требаше да биде значаен адут на Црвена Звезда во новата сезона, но американскиот центар апсолутно се посрамоти на синоќешниот дуел со Жалгирис, одигрувајќи го еден од најслабите мечеви што некој кошаркар го имал во историјата на Евролигата.

Имено, Мотли го заврши мечот со 2 поени (1/7 од игра), центарот немаше ниту еден скок, оствари две асистенции, но затоа имаше и дури шест загубени топки.

Згора на тоа, тој го заврши натпреварот предвреме со пет лични грешки, три од нив направени поради неправилни блокови во нападот, меѓу кои и онаа во последната минута со која Црвена Звезда ги загуби сите шанси за победа.

За севкупен индекс од минус 13, втор најлош скор откако е воведена оваа статистичка категорија на натпреварите од елитното европско натпреварување.

Рекордот се уште е сопственост на Хрватот Жориќ, кој имаше индекс од минус 14 во сезоната 2013/14 додека ги бранеше боите на Фенербахче.

Се вчитува...