Со ново разочарувачко издание „вардарци“ и во 23. коло од ПМФЛ на гостувањето против Скопје во Автокоманда. Сега и со најдобриот свој состав тимот на Чедомир Јаневски анемичен, без игра, бе
И кога резултатот против последнопласираната екипа во шампионатот е 0-0, носи и нервоза меѓу „вардарци“. Па, ерменскиот репрезентативец Тигран Барсегјан во финишот на мечот се впушти во директен вербален конфликт и со публиката во Автокоманда…
Претходно, во првиот дел Барсегјан негодуваше на речиси секоја одлука и на судиската тројка на мечот.
А, желбата за бодови, пред се онаа кај домашните кои силно се борат за опстанок, донесе нервоза и кај самите актери, па на крајот и Дејан Блажевски не избегна конфликт и со резервните фудбалери на Скопје покрај аут линијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА