Фудбалската репрезентација на Македонија го запиша првиот позар во Б-дивизијата од Лигата на нации, откако загуби на домашен терен од Швајцарија со 0-3.
Нашите фудбалери го одиграа еден од најслабите натпревари. Анемична игра без никаква креација, без идеја и без ниту една шанса во 90 минута. Остануваме и петти меч во низа откако селектор е Гоце Седлоски без постигнат погодок.
Во првите петнаесет минути Швајцарците беа подобар противник, но ние успеавме да се одбраниме. Продолжи навалата на гостинот и во следниот период, а Македонија првата полушанса ја имаше во 17. минута кога дебитантот Гаштаров биеше над голот на Кобел.
Швајцарците ја материјализираа подобрата игра во 22. минута (1-0) откако Ремо Фројлер го матираше Столе Димитриевски.
🚨 Remo Freuler scores from the box
🇲🇰 North Macedonia 0-1 Switzerland 🇨🇭 pic.twitter.com/PbFWgN0NdP
— FOOTEM | GOAL (@FOOTEM_LIVE) September 26, 2026
Гостите продолжија да напаѓаат и по голот, а во 28. минута статива погоди Ндоје. Новата казна стигна во 40. минута кога Амдуи ја удвои предноста (0-2).
🇲🇰 North Macedonia 0 – 2 Switzerland 🇨🇭
🚨GOAL! ⚽️ 41’ Zeki Amdouni doubles the lead ✅ pic.twitter.com/jQWp4cNzts
— Ayuba | Football News (@ayubafootball) September 26, 2026
Во вториот дел продолжи доминацијата на Швајцарија, а водство од 0-3 донесе Амдуни со неговиот втор гол на натпреварот. До крајот имаа уште неколку шанси, но Столе Димитриевски не спаси од поголем срам.
🚨 Zeki Amdouni 74′
🇲🇰 North Macedonia 0-3 Switzerland 🇨🇭pic.twitter.com/Dbc7VaUUVV
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 26, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
